Илон Маск стана побогат од Ворен Бафет

- Advertisement -

Богатството на основачот на Teslа, Илон Маск, во петокот се зголеми за 6,1 милијарди долари, со што Маск изби на седмо место меѓу најбогатите луѓе во светот, покажува најновиот индекс на милијардери на Blооmberg.

Најновиот скок на акциите на производителот на електрични автомобили од 11% го зголеми богатството на Маск на 70,5 милијарди долари, додека неговата мнозинска сопственост во SpaceX вреди околу 15 милијарди долари.

- Advertisement -

Вкупниот раст на производителот на електрични автомобили годинава изнесува неверојатни 269% и се искачи на врвот на листата со највредни производители на автомобили во 2020 година, со што ја престигна и Toyotа. Тоа на Илон Маск му обезбеди и лична заработка од 595 милиони долари.

Во последната низа од технолошки бизнисмени кои се на листата со најбогати луѓе во светот, Маск до надмина и инвеститорот Ворен Бафет, после Стив Балмер, Лери Пејџ итн. Меѓутоа, Мајк Новограц, финансиски експерти кој управува со Galaxy Digital Holdingom, предупредува дека вредноста на технолошките компании расте со преголема брзина и дека малите инвеститори треба да се повлечат пред падот на пазарот.

- Advertisement -

„Се наоѓаме во ирационална средина – ова е меур. Економијата забавува, корона вирусот не демне, а технолошкиот пазар руши рекорди на дневно ниво. Тоа е класичен шпекулативен меур“, вели Новограц.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -