20 C
Skopje
недела, април 11, 2021

„Tie Dye“, македонската мобилна игра која за една недела има над 3 милиони преземања

Kabtel desktop

Македонското студио за игри „Furious Avocado“ неодамна ја издаде својата прва игра за мобилни уреди „Tie Dye“, која само за една недела има над 3 милиони преземања. Станува збор за DIY (do it yourself) Hyper Casual игра, односно игра која треба да биде доста едноставна, супер-забавна и екстремно лесно разбирлива за да допре до широка публика.

„Во оваа авантура тргнавме со потполна верба во нас како тим. Патот за да се стигне до овде не беше воопшто лесен. Особено ако се земе во предвид бруталната природа на Hyper Casual сегментот на игри, каде помалку од 3% од игрите кои се развиваат на глобално ниво успеваат да бидат објавени“, велат од „Furious Avocado“.

Во дизајнирањето и развивањето на играта учествуваат и Иво Нешковиќ, Марио Ампов, Томи Џуровски, Дамјан Михаилов, Бобан Стојчевски, Јован Матовски и Наум Михајловски. Играта е објавена е од нивниот парнерт „Crazy Labs“, индустриски гигант и популарен издавач на Hyper Casual игри, базиран во Израел.

Извор – Радио МОФ

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •