Изминатите години се навикнавме да очекуваме се потопли лета, се рушеа топлински рекорди, а научниците сето тоа го поврзуваа со климатските промени и не предупреуваа да се навикнеме затоа што климата ќе станува се потопла.У/ште едно такво предупредување стигна од научници кои ја проучуваат климата – предупредуваат дека може да стане премногу топло за да се работи на лето.
Поточно, се повисоките температури влијаат на луѓето физички и ментално, а ако на таквите темпераутри мора да се работи во заштитна опрема како маски, ракавици или целосно заштитен костим, температурата ќе ви се чини уште повисока.
Проблемот е во тоа што кога човечкото тело ќе се прегрее, одделни клучни органи едноставно престануваат да работат. Доаѓа до дезориентација, грчеви, губење на свеста, но и прекин на работата на бубрезите и на дигестивниот систем. Ако на високите температури ја додадеме и високата влажност, ризикот од прегревање е уште поголем. Ако луѓето од ден во ден се изложени на такви услови, се појавуваат и кардиоваксуларни болести, камења во бубрезите, но и исрцепност од топлината.
Британска метеоролошка канцеларија направила пресемтка како ќе се зголемуваат бројот на денови кога ќе има високи температури и висока влажност во воздухот ако не се ублажат климатските промени. Ние луѓето сме се развиле за да живееме во одреден распон на температурите и јасно е дека ако продолжиме со нашите активности додека надвор постојано растат температурите, порано или подоцна одделни делови од светот ќе станат претопли за нас, истакнува професорот Ричард Бетс од британската метеоролошка канцеларија.
Како да се справиме со се повисоките температури и се потешките услови за работа? Докторите кои работат во такви топли и влажни предели имаат едноставен рецепт – пијте вода во секој момент. Поточно, треба да се напиете доста вода пред да почнете со работа, да правите редовни паузи и потоа повторно да се напиете вода кога ќе завршите со работа.
Докторите предупредуваат дека на најголем ризик се изложени луѓето кои се најмотивирани за работа затоа што се фокусираат на работата и забораваат да се грижат за себе. Докторите, кои во оваа ситуација на пандемија на корона вирусот носат слоеви заштитна облека, треба посебно да водат сметка да не дехидрираат. Температурата под заштитната опрема може брзо да се покачи, особено ако јадат во услови кога поради безбедноста и здравјето не смеат да бидат вклучени клима-уреди.
Зароа Светската здравствена организација, Светската метеоролошка организација и американската Агенција за клима и време Noaa издвоија низа совети кои би требало да му помогнат на медицинскиот персонал да се справи со пандемијата и со високите температури.
(Dnevnik.hr, BBC)
(фото: Pixabay)