16 C
Skopje
петок, август 14, 2020

Тестирање и оценување на четири рутери за безжичен Интернет од шестата генерација – кој е најбрзиот?

Kabtel desktop

Тестиравме четири Wi-Fi 6 рутери на компаниите Extreme Networks, Cisco, EnGenius и Meraki за да откриеме дали овие пристапни точки ги исполнуваат ветувања на последните стандарди за безжичен Интернет и побрзо процесирање на податоци, по што ги оценивме истите.

Една од најпосакуваните карактеристики на рутерите за безжичен Интернет од шестата генерација е подобрената брзина на процесирање податоци во однос на претходниците од генерацијата 5 и сакавме да проверивме дали навистина овие рутери го исполнуваат тоа ветување.

Четири компании кои се присутни на пазарот за опрема за безжични мрежи – Extreme Networks, Cisco, EnGenius и Meraki (во сопственост на Cisco) – обезбедија пристапни точки за овој тест. Бидејќи тестираните пристапни точки ги поддржуваат и Wi-Fi 5 (802.11ac) и Wi-Fi 6 (802.11ax) стандардите, ги тестиравме со два различни клиенти кои поддржуваат Wi-Fi 5, како и со два различни клиенти кои го поддржуваат Wi-Fi 6 стандардот, при што ја бележевме просечната како и максималната количина на пренесени податоци во тестови со времетраење од една минута.

Од резултатите може да се види очигледно подобрување на перформансите при користење на Wi-Fi 6, но и генерацијата Wi-Fi 5 не смее да се занемари затоа што голем дел од клиентите кои функционираат на Wi-Fi 5 ќе се користат уште долго време и после надградбата на пристапни точки кои функционираат на Wi-Fi 6 стандардот.

Кога ќе погледнеме добиените резултати, со споредба на набљудуваните карактеристики на секоја од пристапните точки – Extreme Networks (Aerohive) AP-650, Cisco Catalyst C9115, EnGenius EWS377 и Meraki MR55  се добива целоснaта слика.

Резултати од тестовите

Ги пресметавме резултатите од тестовите и ги сместивме во табелата подолу.

Просечните резултати на пренесени податоци преку Wi-Fi 6 клиентите се за 44,85% повисоки од тие на Wi-Fi 5 клиентите, а максималната количина на пренесени податоци во просек е 47,44% повисока. Значи, пристапните точки Wi-Fi 6 навистина имаат значително подобри перформанси.

Кои се победниците?

На тестовите EnGenius EWS377 имаше најдобри резултати и кај просечниот пренос на податоци и кај максималниот пренос на податоци кај двата Wi-Fi 6 клиенти, па јасно е дека тој е победник во таа категорија.

Кој е EnGenius?

EnGenius е водечка глобална марка за производство на Senao Networks, Inc. со експертиза во доменот на безжични комуникации и радио (RF) технологии, со седиште во Тајван. Компанијата нуди портфолио на производи за безжични мрежи за домашна употреба, мали и средни комании како и ентерпрајс средини кои се разноврсни, со мноштво функиционалности, од бизнис класа, но со прифатлива цена. EnGenius бежичните мрежи обезбедуваат зголемување на продуктивноста и ефикасноста, флексибилност во имплементација на нови сервиси како и подобрено корисничко искуство.

Зошто EnGenius?

Најважните причини зошто да го одберете EnGenius, освен резултатите во табелата, вклучуваат:

  • Поедноставено имплементирање на WLAN
  • Олеснето управување со ниски трошоци
  • Намалени вкупни трошоци на сопственост
  • Брза и едноставна изведба
  • Проширена поврзаност
  • Приспособливост
  • Мобилност
  • Безбеден пристап за гости
  • Напредни безбедносни карактеристики

EnGenius постојано ги развива функционалностите за да овозможи поддршка на нови деловни апликации, ги имплементира најновите WiFi технологии и стандарди, и ги следи побарувањата на компаниите како и резиденцијалните корисници.

Решенијата на брендот  EnGenius  се достапни во КАБТЕЛ,  сертифициран партнер на EnGenius за Македонија.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •