31 C
Skopje
вторник, август 4, 2020

Amazon доби дозвола за сателитскиот интернет Kuiper составен од 3.200 сателити

Kabtel desktop

Amazon доби одобрување да изгради интернет-констелација, вредна 10 милијарди долари, во ниската орбита на Земјата. Целта на оваа мрежа е да конкурира на Илон Маск и мрежата Starlink.

Системот Kuiper треба да содржи вкупно 3.236 сателити кои емитуваат интернет. Планот е да се испратат сателитите на три различни висини. Како што велат од Amazon, 578 сателити се доволни за да се овозможи услугата за корисниците, додека на Маск му се потребни најмалку 600 саттелти.

Од Amazon велат дека со една инвестиција од милијарда долари ќе се отворат повеќе работни места во САД, а ќе се обезбеди и побрз широкопојасен интернет во регионите каде што или нема доволно или нема никаква покриеност.

Amazon ги најави своите планови за системот Kuiper во 2018 година, но со новото одобрување компанијата може да почне да ги испраќа сателитите. Тие 3.236 сателити ќе можат да ги задоволат потребите на 95% светската популација и ќе го позиционираат Amazon како глобален ISP провајдер.

Amazon допрва ќе ги открие своите планови кога и како ќе почне со конструкцијата на сателитската констелација. Сепак, од она што е познато, до јули 2026 година треба да бидат лансирани 50% од сателитите, а до јули 2029 година треба да биде комплетирана целата констелација.

Овој проект е директна конкуренција на проектот Starlink на Илон Маск, кој исто така ќе чини 10 милијарди долари. Маск моментално има 540 сателити околу Земјата, а летово треба да почне со обезбедување интернет за мала тест-група во САД. Маск проценува дека ќе му бидат потребни вкупно 800 сателити за целосна услуга, но ќе има 600 сателити во орбитата на Земјата до крајот на оваа година.

(Daily Mail)

(фото: NASA.gov)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •