Decal.mk, македонски бренд за персонализирани стикери за лаптоп

- Advertisement -

Наташа Атанасова е бренд менаџер на Decal.mk и дел од тимот на NewMediaMK повеќе од четири години. Во своето работно искуство има работено за повеќе од 20 светски и домашни брендови во делот на дигиталниот маркетинг, но со Decal.mk има посебна поврзаност.

Разгоивараше – Верица Јорданова

Наташа, за почеток раскажете ни како се роди Decal, од идеја до реализација на бренд? Што значи името Decal?

- Advertisement -

Decal.mk е дело на тимот на NewMediaMK – маркетинг агенција со повеќе од десетгодишно искуство. Персонализирањето на нашите лаптопи со стикери што сме ги добивале од разни настани, луѓе и проекти, беа своевидни сувенири што ги издвојуваа нашите лаптопи од другите. Подоцна почнавме да си правиме персонализирани целосни налепници и….идејата некако си се роди сама. Зборот “decal” значи дизајн аплициран на специјална фолија што потоа може да се нанесе на било каква мазна површина. На почеток сѐ почна за личен ќеиф но добивавме мнооогу прашања од луѓе што сакаа да имаат нивна налепница за лаптоп. Така, за неколку месеци пораснавме во онлајн продавница со над 160 готови дизајни и супер задоволна екипа од клиенти.

Изработката на персонализирани стикери за лаптоп не е новина во светски рамки, но дефинитивно е нов кај нас. По што е уникатен и иновативен decal.mk?

- Advertisement -

Може да се каже дека на светскиот пазар постојат само мал број успешни брендови што се занимаваат со понуда на ваков тип на производ. Во нашата држава, ние сме први што нудат налепници со премиум квалитет што се изработуваат според димензии по желба. Тоа значи дека секоја нарачка поминува низ рацете на дизајнер што ја подготвува за печатење според внесените карактеристики на лаптопот или пак со исечок на лого што е опција достапна за MacBook корисниците. Нашите декали се достапни за сите лаптопи со било која димензија и големина.

Kаков е интересот за нарачка и користење на персонализирани стикери кај нас? Може ли да се издвои некоја категорија на корисници која е ваш најголем фан?

- Advertisement -

Целата работа околу Decal.mk за нас претставува личен предизвик. Многу беше важно на почеток да ја запознаеме публиката со тоа што е декал и дека буквално секој корисник на лаптоп може да добие custom налепница за истиот. Луѓето се љубопитни, прашуваат, се интересираат и имавме доста нарачки што беа наменети за подарок – што е навистина супер детал. Млади, над 25, вработени, фриленсери и слободни души – ова е нашата публика. Оние што сакаат да остават свој печат на работите, што сакаат да се издвојат од сивилото и што сакаат обичното парче технологија да го претворат во омилен аксесоар.

Сонуваме свет во боја, свет во кој технологијата не е досадно сива!

Изработувате и дизајн по желба. Како е прифатена оваа опција на пазарот?

На Decal.mk секојдневно се прикачуваат нови готови дизајни од нашите дизајнери. Има повеќе од 10 категории на дизајни во кои може да се најдат декали за сечиј вкус. Паралелно на ова ја воведовме и опцијата за дизајн по желба. Ова значи дека секој може да си прикачи свој дизајн или фотографија што ги исполнува неколкуте услови за истата да изгледа како што треба откако ќе биде отпечатена. Се внесуваат димензии, се избира начин на плаќање и достава и процесот е комплетиран. Со сигурност можеме да кажеме дека сите дизајни добиени преку ваквата опција беа одлични и среќни сме што нашата публика има одличен вкус. 🙂 Ние ја поттикнуваме индивидуалноста и креативноста и сме достапни во секој чекор од процесот, од барање на идеја до помош околу мерење на лаптопот. Опцијата ја овозможивме малку подоцна, не од самиот старт, иако технички бевме подготвени. Планот беше уште подолго да чекаме пред да ја пуштиме, но корисниците ја бараа, па затоа ја пуштивме порано. Нека биде тоа одговор на прашањето како е прифатена 😉

Каков е вкусот на Македонците ако може барем малку да се генерализира? Кои дизајни се најбарани?

Најпродавани дизајни се оние апстрактните, со добар контраст на бои и суптилна композиција. Доста популарна кај машката публика е space колекцијата но и doodle дизајните, додека жените сакаат нешто понежно и трендовски.

Како ќе се развива decal.mk во иднина? Што сонува и посакува?

Лаптопот не мора да биде само сиво парче технологија, туку огледало на карактерот и моменталното расположение на човекот. Целиме кон создавање заедница што со гордост ќе ги споделува своите идеи, ќе расте заедно со нас и ќе ни помага околу ширењето на боја, креативност и индивидуалност во секојдневието на луѓето. Сонуваме свет во боја, свет во кој технологијата не е досадно сива!

Сподели!
- Advertisement -