12 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

ВИДЕО: Израелски производител на накит ја прави најскапата маска за лице во светот

TMF desktop 19.08.2020

Израелската компанија за производство на накит Yvel работи на, како што велат, најскапата маска за заштита од корона вирусот во светот. Маската е направена од злато, дијаманти и ќе чини 1,5 милиони долари.

18-каратната заштитна маска направена од бело злато ќе биде декорирана со 3.600 црни и бели дијаманти и опремена со N99 филтри на барање на купувачот и нарачател, вели дизајнерот Исак Ливај.

Ливај е сопственик на Yvel. Тој вели дека купувачот на маската имал и две други барања: маската да биде готова до крајот на годината и да биде најскапата во светот. Тој последен услов, како што вели Ливај, бил најлесен за исполнување.

Ливај одбива да го открие идентитетот на купувачот, но вели дека станува збор за кинески бизнисмен кој живее во САД. Скапоцената маска ќе тежи 270 грама, што е 100 пати повеќе од обичните заштитни маски и веројатно нема да биде практичен аксесоар.

„Парите можеби не можат да ви купат се, но ако купувачот сака да купи многу скапа маска за заштита од КОВИД-19 и да ја носи наоколу за да привлече внимание, сигрно ќе биде среќен што ќе може да го направи тоа“ вели Ливај.

Ваквата маска испраќа погрешна порака во време кога милиони луѓе во светот немаат работа и имаат финансиски проблеми. Ливај вели дека никогаш не би ја носел маската, но сепак е благодарен за можноста да ја изработи.

„Среќен сум што маската ни даде доволно работа за вработените да можат да си ја задржат работата во овие тешки времиња“ додава Ливај.

(The Times of Israel)

(фото: YouTube)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •