19.8 C
Skopje
недела, октомври 2, 2022

Microsoft во септември ќе претстави телефон со дупли екран Surface Duo

Kabtel desktop

Microsoft на 10 септември ќе го лансира својот нов Android паметен телефон со два екрани наречен Surface Duo по цена од 1.399 долари. После повеќесемечните најави на социјалните мрежи, Microsoft сега на сите им дозволи однапред да го анрачаат Surface Duo, а нарачките може да се направат преку AT&T, Best Buy, како и преку официјалната страница на Microsoft.

Surface Duo има два посебни ОЛЕД екрани од 5,6 инчи, со размер 4:3, кои се поврзуваат заедно за да создадат 8,1 инчи работен простор со размер 3:2. За разлика од телефоните на преклоп како Samsung Galaxy Fold, Surface Duo користи Gorilla Glass, а екраните се дизајнирани да работат на сличен начин како повеќе монитори на Windows PC.

Surface Duo користи f/2.0 камера од 11 мегапиксели, која автоматски се прилагодува на слаба светлина, нуди HDR снимање во повеќе рамки и супер зумирање до 7x. Мобилниот телефон ќе поддржува и видеа 4K и 1080p при брзина од 30 кадри во секунда и 60 кадри во секунда, со електронска стабилизација на сликата.

Основниот софтвер на Surface Duo се состои од Qualcomm Snapdragon 855 процесор, 6 GB RAM и до 256 GB меморија. Уредот нема поддршка за 5G, а доаѓа со две батерии со вкупен капацитет од 3577mAh.

(Klix.ba, The Verge)

(фото: Microsoft)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!