-2 C
Skopje
понеделник, јануари 18, 2021

Американски научници направија паметни тули кои складираат енергија во ѕидовите

Kabtel desktop

Обичните градежни тули можеби не изгледаат модерно и високотехнолошки, но истражувачи ширум светот постојано ни докажуваат дека не е така. Сега тим од истражувачи откри начин да ги претвори тулите во уреди за складирање енергија и потоа да ги користи за напојување на еколошки ЛЕД светилки.

Ѕидовите од тули немаат друга улога освен што не заштитуваат од надворешните услови и го држат покривот над глава, но ова докажува дека тулите може да имаат многу побитна улога. Истражувачите од Универзитетот Вашингтон во Сент Луис сакале да тестираат дали тулите можат да се користат за складирање енергија.

Тимот почнал со испитувања на обичните црвени тули, а потоа им додале дополнителни способност така што ги премачкале со полимер наречен PEDOT. Полимерот е направен од нановлакна кои навлегуваат во порозната структура на тулите и ги претвораат во сунѓер на јони, кој спроведува и складира енергија.

Тие тули потоа можат да складираат поголеми количини енергија и да се празнат, односно полнат многу побрзо отколку батериите. Може да се редат една врз друга со цел да се направат помали или поголеми уреди за складирање енергија, а цели ѕидови направени со такви тули може да се премачкаат со смола за да се заштитат од надворешните влијанија и да се зачува енергија внатре.

Тимот научници докажал дека една тула може да држи 3 волти енергија до 10 секунди, а потоа 10 минути да напојува со енергија една еколошка ЛЕД светилка. Тоа им успеало дури и под вода. Ако го прошират експериментот, научниците велат дека овие тули ќе може да се поврзат со обновливи извори на енергија како соларни ќелии и со енергијата да се напојуваат микроелектронски сензори и светилки. Овие тули би можеле да се почнат стотици илјади пати за еден час.

„Тулите премачкани со PEDOT се идеални за обезбедување енергија во итни услоови. Веруваме дека во иднина нашите тули ќе може да се поврзат со соларни ќелии. За тоа ќе бидат доволни 50 тули, кои ќе овозможат енергија во времетраење од 5 часа“ вели Џулио Дарси, водач на студијата.

Според нив, методот е едноставен и не е скап, а може да се направи со нови тули или да се рециклираат стари. Истражувањето е објавено во весникот Nature Communications.

(New Atlas)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •