Откриен план за изградба на град на Марс каде што ќе живеат 250.000 луѓе

- Advertisement -

Компанијата ABIBOO ги претстави плановите за првиот град на Марс. Градот наречен Nuwa City ја претставува првата заедница на Марс, а во него ќе може да живеат 250.000 луѓе. Изградбата е планирана долж карпа и внатре во карпата, така што луѓето би имале пристап до сончева светлина без ризик од преголемо изложување на космичката радијација.

ABIBOO планира да почне со изградба на градот на Марс во 2054 година, а првите жители би требало да се населат таму до 2.100 година. Најголем дел од рендерите на Nuwa City ја прикажуваат внатрешноста на просториите. Карпата ќе им овозможи на сите да живеат во одвоени простории, а ќе имаат и пристап до други локации наменети за земјоделство и енергија. Жителите би можеле да одгледуваат и животни и да ја собираат сончева енергија.

- Advertisement -

Целта на проектот е да се изгради самооодржлива цивилизација на површината на Марс, која може да опстане без транспорт на продукти од Земјата. Атмосферскиот притисок на Марс е помал за 1% во однос на Земјата, а космичката радијација е висока.

Ќе мора да направиме многу анализи за да се обидеме да сфатиме какви околности не чекаат. Мора да се соочиме со предизвиците кои ги претставуваат условите на Марс, а еден од нив е и гравитацијата на Земјата. Меѓутоа, за среќа, на Марс има и CO2 и вода. Водата е голема предност, затоа што ќе ни овозможи да ги имаме потребните материјали за изградба. Со помош на водата и CO2 ќе можеме да создадеме и јаглен, а со помош на него и челик. Во суштина, ABIBOO планира да користи само материјало од Марс за изградба на градот“, соопштија од компанијата.

- Advertisement -

Многумина се исклучително заинтересирани за човечко присуство на Марс, а меѓу нив е и директорот на компанијата SpaceX, Илон Маск.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: ABIBOO screenshot)

Сподели!
- Advertisement -