12 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

Црна Гора ги отвора границите за туристи од Македонија

TMF desktop 19.08.2020

Црна Гора на 15 август ги отвора границите со Србија, БиХ, Косово, Албанија и Северна Македонија, соопшти директорот на Институтот за јавно здравје, Бобан Мугоша.

„За влегување во Црна Гора најверојатно ќе биде потребен негативен резултат на тест за корона вирус, но тоа официјално ќе биде дефинирано на денешна седница на Националното координативно тело“ вели Мугоша.

Отворањето на границите кон државите од регионот, според Мугоша, излегува во пресрет на барањата на туристичките компании со цел работа во услови на контролиран епидемиолошки туризам. Со тоа, додава Мугоша, се чува здравјето на граѓаните и фунцкионирањето на здравствениот систем, а истовремено овозможува економијата да работи затоа што без тоа повторно доаѓа до проблеми кои влијаат на здравјето.

„Секое отворање на границите во услови на пандемија доведува до одредени пореметувања, но ако се почитуваат мерките, состојбата може да се коонтролира. Ако видиме дека не оди, секогаш можеме да донесеме некои други мерки“ објасни Мугоша.

Црна Гора на 30 јуни ги отвори границите за државјаните на земјите на ЕУ, кои можат да влезат во земјата без дополнителни услови. Според податоците од вчера, во Црна Гора има 1.104 заболени од КОВИд-19, а од почетокот на пандемијата се регистрирани вкупно 3.857 луѓе позитивни на корона.

(Radio Slobodna Evropa)

(фото: Needpix)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •