Годинава Земјаните ќе ги истрошат годишните природни ресурси на планетата три недели подоцна од лани

- Advertisement -

Уште една позитивна вест како резултат на пандемијата КОВИД-19. Еколошките отпечатоци на човештвото годинава се помали отколку која било година од почетокот на следењето во 1970-тите години. Денот кога ќе ги истрошиме ресурсите на планетата Земја за годинава или Earth Overshoot Day годинава ќе биде три недели подоцна отколку лани.

Ако не ви е познат концептот, Earth Overshoot Day не е некој празник кој секоја година паѓа на ист датум. Датумот се менува од година во година и го одбележува денот кога човештвото ќе ги истроши еколошките ресурси кои нашата планета ги регенерира секоја година. Годинава Еarth Overshoot Day ќе падне на 22 август, покажуваат податоците на Global Footprint Network.

- Advertisement -

Минатата година тој црн ден падна на 29 јули. Иако ова е значително подобрување, сепак е мал напредок – човештвото се уште ги троши годишните ресурси на планетата четири месеци пред крајот на годината.

Global Footprint Network го пресметува Earth Overshoot Day со делење на биокапацитетот на Земјата, односно природните ресурси кои планетата ги генерира за една година со побарувачката на луѓето за тие ресурси. Потоа го помножува резултатот со 365.

- Advertisement -

Благодарение на КОВИД-19 годинава нашиот еколошки отпечаток врз планетата е помал за 9%. Кога бевме затворени во карантин емисијата на јаглерод диоксид значително опадна. Човештвото моментално троши природни ресурси 1,6 пато побрзо отколку што може Земјата да генерира. Затоа, ако не најдеме уште 1,6 нови планети, или мора итно да го смениме начинот на кој живееме или ќе снемаме ресурси.

Global Footprint Network си зададе амбициозна цел да го помести Earth Overshoot Day наназад по пет дена годишно, па до 2050 година да можеме да трошиме точно онолку колку што создава нашата планета. Групацијата предлага неколку области на кои треба да се фокусираме за да помогнеме да се постигне таа цел: градовите, храната, популацијата, енергијата и планетата.

- Advertisement -

(Inhabitat)

(Earth Overshoot Day)

Сподели!
- Advertisement -