Едно од клучните решенија за да се воспостави рамнотежа помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд е воспоставување на регионални центри за стручно образование и обука. Нивната улога е на едно место да се поврзат реалниот сектор, образованите иституции и истражувањето, зошто што поединечно, секој од нив, неможе да ги урамнотежи новите техничко-технолошки достигнувања на кои се заснова стопанството, да произведува квалификуван кадар кој ќе ги задоволи потребите на реалниот сектор и да обезбеди одржливост на стратегиите кои водат кон одржлив развој, иновации, создавање работни места и социјална кохезија.
Регионални центри се формираат на принцип на јавно-приватни партнерства помеѓу училиштата и компаниите, со цел поголемата достапност до ресурси што ќе ја подобрат стручноста на кадарот во одредена конкретна област со употреба на знаењето и експертизата на вработените и користење на современата опремата на компаниите. Формирањето на регионалните центри ќе помогне во следење на потребите на пазарот на труд и обезбедување на соодветна работна сила за динимичниот и брзо променливиот производствен процес.
За таа цел проектот ,,Образование за вработување” објавува Оглас за прибирање понуди за Регионалните центри за стручно образование и обука.
За повеќе информации на следниот линк: https://www.e4e.mk/baranje-za-pribiranje-na-ponudi-za-regionalni/
Извор – Стопанска Комора на Македонија