15.8 C
Skopje
вторник, октомври 4, 2022

Apple ќе ја отвори првата пловечка продавница во светот

Kabtel desktop

Малопродажната мрежа на Apple во светот можеби се бори со пандемијата на корона вирусот, но тоа не ја спречува компанијата да инвестира во уникатни, скапи екстериери на своите продавници. Производителот на iPhone ќе отвори нова продавница во Сингапур во близина на пристанишниот луксузен дел, а ќе го носи името Apple Marina Bay Sands. Оваа продавница ќе биде првата пловечка продавница на Apple во светот, која ќе се наоѓа на река.

Локацијата е дел од луксузен хотел и ресорт кои го носат истото име и е трета продавница на гигантот во Сингапур после Orchard Road, која е отворена во 2017 година и Apple Jewel Changi Airport, лоцирана во најпознатиот малопродажен сектор во Сингапур, каде што исто така се наоѓа и највисокиот внатрешен водопад во светот.

Во текот на денот новата продавница Marina Bay Sands ќе изгледа кaкo некакво вселенско летало или можеби некој футуристички театар, но ноќе, кога небото на Сингапур ќе биде осветлено од илјадници светилки, продавницата буквално ќе „оживува“. Јасно е дека Apple ја дизајнирал продавницата да биде највпечатлива ноќе.

Како што пишува страницата 9to5Mac, во текот на денот продавницата ќе ги рефлектира облакодерите и движењето на водата, а ноќе сферичната продавница ќе свети и ќе потсетува на традиционалните ламби кои се носат за време на есенскиот фестивал во Сингапур.

(The Verge)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!