Nvidia претставува нови графички картички

- Advertisement -

Познатиот проиводител на графички чипови Nvidia за 1 септември годинава најавува настан на кој како што вели извршниот директор на компанијата, Јансен Хуанг, ќе бидат претставени најновите иновации во графиката и гејмингот.

Иако од Nvidiа не откриваат детали за тоа што ќе биде претставено, освен што ќе се одржи мала прослава на 21-годишнина на компанијата, можеме да очекуваме и официјална промоција на графика од серијата 2100, а според некои гласини, можно е и лансирање на серијат GeForce 3000.

- Advertisement -

Во секој случај, јасно е дека доаѓа нова генерација графички картички на Nvidiа, која ќе го претстави наследникот на серијата RTX 2000. Може да се надеваме дека со новите GPU и графички картички малку ќе паднат цените на постојните, кои за најголем дел од гејмерите се недостижен сон.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Nvidia)

Сподели!
- Advertisement -