5.9 C
Skopje
вторник, октомври 20, 2020

Amazon ја претстави фитнес алката Halo без екран на допир која луѓето ќе ги тера да водат најздрав живот

Kabtel desktop

Аmazon ја претстави алтката за следење на активности и на здравјето Halo, како и истоимениот претплатнички сервис кој ќе анализира бројни податоци кои ќе ги соберат сензорите и ќе ги известува корисниците за нивните активности, а за разлика од конкурентските уреди и сервиси, ќе го анализира и тонот на гласот, како и процентот на телесни масти.

Уште нешто по што се разликува од сличните уреди е тоа што нема екран. Од Amazon велат дека со нивната алка корисниците нема постојани да ги вознемируваат бројните известувања од паметните телефони, туку се фокусира исклучиво на здравјето и фитнесот, за корисниците да можат да се фокусираат на својот живот.

Halo нема поддршка ни за WiFi, ни GPS, туку со телефон може да се поврзе преку Bluetooth. Алката доаѓа со бројни вградени сензори со кои се следи работата на срцето, температурата, квалитетот и квантитетот на сонот, а со посебно копче може да се активира и слушање на гласот. Исто така, доаѓа со разни предизвици со кои корисниците се поттикнуваат на поздрав живот, повеќе движење, вежбање, медитација итн.

Иако алката може да ги слуша корисниците, таа нема поддршка за вирутелниот асистент Alexа, туку го слуша вашиот глас за вештачка интелигенција да може да препознае како се чувствувате преку гласот. Друга опција која не е вообичаена на сличните уреди е пресметување на процентот на телесни масти. Птребно е прво да го фотографирате телото со камерата од паметен телефон од неколку агли, а пота софтверот на Amazon ќе направи 3Д приказ на вашето тело и ќе го анализира процентот на телесни масти. Од Amazon велат дека токму процентот на телесни масти е битен индикатор за здравјето во однос на тежината или индексот на телесна маса.

Додаваат и дека посебно внимание посветиле на приватноста, па така никој нема да ги слуша разговорите на корисниците, додека фотографиите од телото ќе се испраќаат на сервери на Amazon за да се направи 3Д модел, но ќе се избришат после 12 часа. Самиот уред има копче на кое можете да го исклучите микрофонот ако не сакате Halo да ве слуша.

Цената на алката е 100 долари, додека за пристап до сите податоци, анализи и совети од Amazon AI ќе треба да плаќате дополниутелни 3,99 долари месечно.

(Dnevnik.hr, Engadget)

(фото: Amazon)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •