12 C
Skopje
среда, септември 30, 2020

Apple претстави нова генерација Apple Watch и нови модели на iPad

TMF desktop 19.08.2020

Иако Apple го одложи претставувањето на новите модели на iPhone, најверојатно за октомври, компанијата не се откажа од традицијата на септемвриски конференции и вчера претставија нови модели на паметниот часовник Apple Watch и надградени верзии на iPad. При претставувањето на новата генерација часовници од американската компанија порачаа дека иднината е да се носи „здравјето на вашиот зглоб“ и кога ќе видиме колку се помали уреди се претставуваат, јасно ни е дека се во право.

Имено, покрај можноста за следење на отчукувањето на срцето и предупредувањето на корисниците во случај часовникот да препознае проблеми со работата на срцето, ЕКГ, детекција на пад и други опции, Apple Watch 6 сега има и опција за мерење на заситеноста на крвта со кислород. За да направи таква пресметка доволни се 15 секунди, а часовникот во позадина ќе ја следи заситеноста со клслород и исто така ќе предупреди ако вредноста падне под 95%.

Од Apple велат дека тие податоци особено се битни во оваа доба на КОВИД-19 затоа што можат рано да сигнализираат на респираторисни промени, а најавија и дека ќе соработуваат со повеќе универзитети на анализа на податоците од часовниците и истражувања со цел подобрување на здравјето на кориснциите..

Што се однесува на хардверот, шестата генерација на часовникот има најмоќен процесор, eнергетски е поефикасен, а ќе има и подобар екран кој е секогаш вклучен. Неговата цена изнесува 399 долари. Претставен беше и поевтиниот Apple Watch SE, за кој велат дека е совршен часовник за новите корисници, а ќе биде достапен по цена од 279 долари.

Кук најави и големи новитети околу iPad, кој годинава слави 10 години од претставувањето, а оттогаш досега е продаден во повеќе од 500 милиони примероци во светот и е еден од најуспешните производи на компанијата. Осмата генерација на популарниот таблет е надградба која доаѓа со моќен чипсет и има 40% побрз процесор и двојно подобра графика. Цената на iPad 8 е 329 долари. За тие што сакаат помоќен таблет претставена е новата генерација на Air по цена од 599 долари.

(Dnevnik.hr)

(фото: Apple)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •