9 C
Skopje
понеделник, октомври 26, 2020

Ова е најновата листа на најбогати земји во светот според ММФ

Kabtel desktop

Според последните податоци на Меѓународниот монетарен фонд, направена е листа на 10 најбогати земји на светот, со главен показател за бруто домашниот производ по жител како важен статистички податок врз основа на кој се мери богатството на државата, иако земјите како Кина или Индија можат да се пофалат со висок БДП, но и понатаму имаат стотини милиони сиромашни граѓани.

Во светот постојат четири држави со БДП по глава на жител над 100.000 американски долари. Тоа се Катар (138.000 САД долари), Макао (113.000 САД долари), Луксембург (112.000 САД долари) и Сингапур (105.000 САД долари). Најбогатите држави на светот имаат мал број жители. На пример, државите во Азија, Кина, Индија и Јапонија не влегуваат меѓу првите 10 најбогати земји.

Соединетите Американски Држави не се ниту близу до најбогатите земји кога е во прашање БДП по глава на жител, иако севкупно гледано се најголема економија. Во Африка владее екстремна сиромаштија, а занимливо е дека двете најбогати држави не се физички на континент, тоа се островите Сејшели со 33.100 американски долари по глава на жител и островот Маурициус со 26.500 американски долари по глава на жител.

10-те најбогати земји во 2020 година, според БДП по глава на жител се:

1. Катар: 138,9 илјади САД долари;

2. Макао: 113,4 илјади САД долари;

3. Луксембург: 112 илјади САД долари;

4. Сингапур: 105,7 илјади САД долари;

5. Ирска: 87 илјади САД долари;

6. Брунеи: 85 илјади САД долари;

7. Норвешка: 79,6 илјади САД долари;

8. Соединети Арапски Емирати: 70,4 илјади САД долари;

9. Кувајт: 67,9 илјади САД долари;

10. Швајцарија: 67,6 илјади САД долари.

Извор- Стопанска Комора на Македонија

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •