Колку дена одмор повеќе им следуваат на непушачите? Германски бизнисмен пресмета дека тоа се 5 дена

- Advertisement -

Еден германски угостител на своите вработени кои не пушат им дал пет дена одмор повеќе од нивните колеги пушачи. Претходно меѓу вработените имало кавги поради тоа кој кога ќе оди да пуши. Тоа не е критикувано без основа затоа што ако се пресметаат сите паузи кои се добиваат за пушење, се троши навистина многу време, објаснува угостителот Хелмут Глас од Нојштат.

Тој вели дека на своите вработени им сами да одлучат дали сакаат постојани паузи за пушење или пед дена одмор повеќе. Као што наведуваат медиумите, тој постапил правилно, а неговиот систем наишол на големо одобрување во Германија.

- Advertisement -

Инаку, тој има 12 вработени, од кои петмина се пушачи, а седуммина непушачи. Еден од неговите вработени дури одлучил да престане да пуши само за да добие повеќе слободни денови, но и дека шефот го фатил како пуши во подрум, па изгубил повеќе денови од одморот.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -