11.2 C
Skopje
четврток, октомври 29, 2020

Џеф Безос ја најави првата Академија Безос, бесплатно предучилишно образование за сиромашни семејства

Kabtel desktop

Џеф Безос, основачот и извршен директор на Amazon, вчера во објава на Instagram најави дека првата Академија Безос, бесплатно предучилишно образование за сиромашни семејства, ќе биде отворена во октомври во град на југот од Сиетл.

Оваа училница е само почеток. Академијата Безос ги отвoра вратите на 19 октомври. Оваа академија во Дес Моинес во Вашингтон е прва од многуте бесплатни предучилишни академии кои ќе ги отвориме за сиромашните деца“, напиша Безос под фотографија од полица со книги.

Предучилишната академија ќе има распоред за цела година, пет работни дена неделно, за деца од 3 до 5 години. Според страницата Bezos Day One, градот Дес Моинес бил избран поради ниските примања, стапката на програми за бесплатни и евтини училишни оброци, недоволниот број негуватели за деца, како и поради локалните бизниси кои ќе ја поддржат академијата.

Безос прв пат најави дека сака да направи цела мрежа од предучилишни установи во ноември 2018 година, кога го лансираше фондот Bezos Day One Fund вреден 2 милијарди долари. Фондот има два приоритети: да донира на непрофитни организации кои им помагаат на бездомните семејства и да гради мрежа од предучилишни установи. Од лансирањето досега фондот донира околу 100 милиони долари годишно на разни непрофитни организации.

Училиштатата на Безос се инспирирани од Монтесори, методот на образование каде што часовите се повеќе фокусирани на соработка, на индивидуалните интереси на учениците. Безос одел во Монтесори училиште во Албакерки кога имал две години. Како што има изјавено, смета дека тоа образование било многу битно и стимулирачко за него. Мрежата академии ќе биде управувана од непрофитната организација Bezos Academy.

(Forbes)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •