5 C
Skopje
четврток, октомври 29, 2020

Кина најави дека до 2060 година ќе биде карбонски неутрална земја

Kabtel desktop

Кина ќе го достигне максимумот на емисијата на стакленички гасови во наредните десет години, после што до 2060 година оваа земја ќе стане карбонски неутрална, соошти кинескиот претеседател Си Џинпинг на генералното собрание на Обединетите нации.

Според Парискиот климатски договор, сите држави се обрзаа дека нивната емисија може да расте само одредено време. Потоа би требало дека секоја од нив за заочне со ефикасна редукција на емисијата на гасови додека да се достигне конечната цел од договорот. Потоа секоја од нив би требало да започне ефикасна редукција за да се достигне конечната цел.

Кина е најголем национален емитер на јаглерод диоксид, со речиси 28% од светската емисија на овој гас на годишно ниво. Експертите за климатски промени во текот на пролетта беа загрижени поради фактот дека Кина како одговор на кризата предизвикана од корона вирусот изнела план за изградба на нови електрани на јаглен.

Меѓутоа, на Генералното собрание на ОН претседателот на Кина, покрај целите за претстојниот период, ги повика државите на зелено закрепнување од кризата. Тој истакна дека и Кина ќе го даде својот национален придонес за успехот на Парискиот климатски договор така што во наредниот период ќе усвои нови мерки и политики по прашањето за ублажување на последиците од климатските промени.

Парискиот климатски договор го нацрта патот по кој светот ќе дојде до зелен нискокарбонски развој. Во него се наведени минималните чекори кои треба да се преземат за да се заштити Земјата, нашиот заеднички дом, и сите држави треба да преземат нешто за да се почитува договорот. Кина ќе го зголеми својот планиран национален придонес со усвојување силни политики и мерки. Целта ни е емисијата на јаглерод диоксид да достигне максимум до 2030 година и да станеме карбонски неутрални до 2060 година“, нагласи претседателот на Кина.

Тој ги повика и останатите држави да се посветат на иновативен, зелен и отворен развој за се искористат историските можности кои се достапни благодарение на развојот на науката и технологијата.

(N1)

(фото: gadebate.un.org)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •