До 30 септември продолжен рокот за барања за земјоделски субвенции

- Advertisement -

Земјоделците кои во претходниот рок не успеале да поднесат барања за директни плаќања за 2020 година, тоа ќе може да го сторат од денеска до 30 септември, соопшти Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Барањата за добивање финансиска поддршка се поднесуваат електронски, со регистрирање во системот на веб страницата на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

-Како и досега, и овој пат земјоделците кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при креирање електронски барања, можат да се обратат во Подрачните единици на Министерството за земјоделство, вели директорот на Агенцијата, Николче Бабовски.

- Advertisement -

Тој апелира апликантите да го запазат новиот дополнителен рок, а при поднесувањето на барањата да проверат дали ги пријавиле сите култури кои ги одгледуваат и дали им се впишани сите мерки за кои бараат финансиска поддршка.

-Доколку некои од земјоделците увидат дека направиле пропуст или сметаат дека има потреба од измена заради несоодвествување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да го изменат во рок од 30 дена од денот на поднесувањето, истакнува Бабовски.

Сподели!
- Advertisement -