5 C
Skopje
четврток, октомври 29, 2020

Отворена првата фабрика за производство на медицински канабис во Македонија

Kabtel desktop

Новата фабрика се протега на површина од 17.800 квадратни метри во индустриската зона Чојлија во општина Петровец. Инвестицијата е вредна над 16 милиони евра

Првата македонска компанија лиценцирана за одгледување канабис за медицински цели „НЈСК Холдинг“ денеска отвори производствен капацитет. Инвестицијата е вредна над 16 милиони евра

Новата фабрика се протега на површина од 17.800 квадратни метри во индустриската зона Чојлија во општина Петровец. Новиот производствен погон располага со најсовремена опрема за хемиско-физичка и микробиолошка лабораторија за која се инвестирани над еден милион евра.

Според извршниот директор на компанијата Златко Кесковски, производствениот капацитет за одгледување на медицински канабис е најголем во Европа во кој се запазени сите стандарди по кои треба да работи оваа индустрија.

– Во време на Ковид и во време на криза која што се случи во светот во изминатиот период,  нашата компанија најде снага и сила да доинвестира и да ги вложи последните средства за изградба на овој капацитет. Во изминативе четири години, вклучувајќи го и овој капацитет вложиме 20 милиони евра во своите капацитети во оваа иднустрија за развој којшто треба да не одведе во европските држави  и во светот со најквалитетен производ произведен во нашата држава, рече тој.

Компанијата НJСК  е дел од групацијата PHCSNN Internationale основана 2016 година и има лиценци за одгледување медицински канабис, лиценца за екстракција на медицински канабис и лиценца за производство на финални фарамецевски производи

Премиерот Зоран Заев, кој заедно со министерот за здравство Венко Филипче присуствуваше на отворањето на фабриката во своето обраќање истакна дека станува збор за гринфилд инвестиција од фармацевтската индустрија изградена по највисоки стандарди, со софистицирано производство и висока додадена вредност за економијата. 

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •