-2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2020

Научниците предупредуваат дека швајцарските глечери се топат со загрижувачка брзина

E-commerc 11.11.2020

Швајцарските глечери продолжуваат да се топат со загрижувачко темпо, па снежната покривка на најголемиот глечер на Алпите никогаш досега не била толкумала, се вели во најновата студија. Вкупно швајцарските глечери имаат изгубено 2% од својот обем годинава, покажа годишната студија која ја објавува Швајцарската академија на науки.

Тоа е во согласност со просекот последните 10 години, но тие бројки сепак се загрижувачки, вели авторот на извештајот, Матијас Хус, кој ја води мрежата за надзор на глечерите GLAMOS.

Бројките се нешто помали во споредба со последните три години, кога имавме исклучително високи температури, но сепак глечерите изгубија многу од масата“, додава Хус.

Во последните 60 години швајцарските глечери изгубиле исто толку вода колку што има во Добенското Езеро, уште наречено езеро Констанц, со должина од 63 километри на австриско-германската граница.

Едно од најзагрижувачките мерења се однесува на најимпозантниот алпски глечер, Алеч. Откако почнале мерењата пред нешто повеќе од 100 години годинава е забележана најслабата акумулација на снег досега, вели Хус. Мерењата се правени на висина од 3.466 метри, каде што секогаш има снег.

Според проценките, глечерот кој се простира на 86 квадратни километри во швајцарските Алпи има 11 милијарди тони лед, но неговиот фронт се има повлечено 1 км од почетокот на овој век досега.

Студијата на Универзитетот ETH во Цирих покажува дека 95% од тие величествени ледени маси ќе исчезнат до 2100 година доколку не се стави контрола на емисијата на стакленички гасови. Две третини од нив ќе исчезнат дури и ако се почитуваат мерките договорени на Парискиот климатски договор.

(Beta)

(фото: Needpix)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •