-2.7 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Британски стартап прави еколошка амбалажа направена од морска трева која може да се јаде

Kabtel desktop

Луѓето произведуваат повеќе од 300 милиони тони пластичен отпад секоја година, од кои половина се пластика за еднократна употреба. Околу 26,8 милиони тони од нив завршуваат на депонии, но околу 8 милиони тони завршуваат во океаните.

Затоа сега британски стартап се труди да го намали својот придонес во пластичниот отпад така што произведува еколошки амбалажи кои може да се користат за кечап, сенф, соја сос или кој било друг зачин. Амбалажата е направена од морска трева, биоразградлива е , компостабилна, па дури може и да се јаде.

Ooho амбалажата е направена од морска трева која расте во северниот дел на Франција. Морската трева се суши и се меле до прав пред да помине низ патентиран процес кој ја претвора во супстанција која може да се обликува како пластика. Морската трева расте много побрзо од дрвјата и не зазема почва.

„Морската трева е одличен основен материјал пораади одржливоста и брзиот раст. Со користењето материјал како тревата како суровина ние стануваме рециклирачи на јаглерод диоксид, а не производители на пластика, која се прави од необновлив извор како нафтата“, вели главниот оперативен директор на компанијата која ја прави амбалажата Notpla, Лисе Хонсингер.

Соосновачот на Notpla, Родриго Грасија Гонзалес, вели дека тревата што ја користат расте по 90 см на ден. Можете да замислите нешто да расте толку брзо? Притоа, нема потреба од ѓубрење, не мора да го наводнувате, а истовремено е ресурс кој може да се користи постојано зашто е обновлив.

Амбалажата ја има во различни величини од 10 до 85 грама. Името Ooho доаѓа од звукот кој го прават луѓето кога ќе ја видат амбалажата по прв пат. Компанијата склучи партнерство со британскиот стартап за достава на храна, Just Eat, а амбалажата на Ooho се користи за пакување на кечап, сос за скара и други производи на Hellmann’ѕ.

(Daily Mail)

(фото: Notpla screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •