-1.2 C
Skopje
четврток, декември 2, 2021

Паметната перница Zerema автоматски ја прилагодува висината за поудобно спиење

Kabtel desktop


Zerema е ултимативно решение за сите кои се чувствуваат постојано уморни затоа што не добиваат квалитетен сон. Според кампањата на платформата за групно финансирање Kickstarter, Zerema има вградена вештачка интелигенција за да научи какви се вашите навики за спиење и автоматски да се прилагоди во поудобна полошба за вас. Освен тоа, прави и персонализирани анализи за да ви предложи како можете да спиете поквалитетно.

Но, освен неверојатните технолошки можности, Zerema е перница направена од неверојатно мека мемори пена, дизајнирана специјално да и даде подлога на главата и удобност на целото тело во текот на ноќта.

За да ја користите оваа паметна перница треба само да ја вклучите во стандарден штекер. Перницата може да се конектира со апликацијата Zerema преку Bluetooth. Со притискање на едно копче Zerema автоматски ќе ја прилагоди висината за да одговара на вратот, иако тие димензии може да се прилагодат и рачно. Потоа, пред спиење, вклучете го „sleep mode” и перницата ќе ги набљудува вашите навики за спиење.

Уредот има и вградена технологија за детектирање на рчење. Кога ќе детектира рчење, Zerema ќе ја зголеми или намали висина за да ви овозможи да дишете подобро, и тоа толку нежно што нема да ви попречи во сонот.

https://www.kickstarter.com/projects/zerema/zerema-the-auto-height-adjusting-pillow-with-sleep-analysis

(In The Know)

(фото: Zerema screenshot)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!