-2.7 C
Skopje
вторник, декември 1, 2020

Светскиот економски форум предвидува дека до 2025 година половина од работните места во светот ќе ги држат роботи

Kabtel desktop


Светскиот економски форум предвидува дека машините ќе заменат исто толку работни места колку што ќе креираат. Половина од работните места во светот до 2025 година ќе ги држат машини, се вели во најновиот извештај на Светскиот економски форум.

Иако со роботска револуција ќе се креираат нови 97 милиони работни места во светот, ќе се укинат речиси исто толку работни места и веројатно ќе се зголеми нееднаквоста и дигиталната поделба, велат оттаму. Предвидувањето се базира на истражување спроведено во 300 од најголемите компании во светот, каде што се вработени околу 8 милиони луѓе на глобално ниво.

Над 50% од работодавците кои учествувале во истражуваањето велат дека очекуваат автоматизацијата на одредени позиции во нивните компании ќе се забрза во наредните години, а 43% мислат дека ќе мора да кратат работни места поради технологијата.

Работните места поврзани со администрација и процесирање податоци ќе бидат најпогодени од автоматизацијата, велат од Светскиот економски форум, додека новите работни места веројатно ќе се појават во секторот грижа, big data и зелена економија. Оттаму објаснуваат дека пандемијата го забрзала усвојувањето нови технологии затоа што компаниите бараат начини да ги намалат трошоците и да усвојат нови технологии кои имаат иднина.

Забрзаното прифаќање на технологијата среде пандемија пак ги засилува нееднаквостите на пазарите на труд. „Станува збор за двојно пореметување кое претставува уште една пречка за работниците во овие тешки времиња. Прозорцеот кон нови можности за проактивно менаџирање на овие промени брзо се затвора“ велат од Светскиот економски форум.

Од тинк тенкот потенцираат дека и покрај кратењето работни места поради технологијата, ќе има зголемена побарувачка за работници во области како инженеринг и работа во облак. Моментално една третина од сите работни активности во светот ги вршат машини, а се прогнозира дека тој процент до 2025 година ќе се искачи на 50%.

Како што додаваат од Светскиот економски форум, милиони најслабо платени работници со најмалку вештини ќе мора да се преквалификуваат за да држат чекор со промените.

(Interesting Engineering)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •