3 C
Skopje
среда, декември 2, 2020

Поинакви по многу нешта, но исклучителни во заложбите за градење нераскинливи врски со нашите студенти

Kabtel desktop

Интервју со проф. д-р Снежана Христова, декан на Факултет за деловна економија и организациони науки на УАКС

Проф. Христова, кои се најважните причини да се запише некој на УАКС?

Меѓународните акредитации на УАКС им го отвораат домашниот и странскиот пазар на нашите дипломци. Секој млад професионалец со меѓународните акредитирани студиски програми има можност да се стекне со меѓународна потврда на знаењето која ќе го истакне на домашниот и меѓународниот пазар на труд.

Вработливоста на нашите студенти е мошне висока и во таа смисла голем дел од дипломците се веќе на позиции со голема одговорност и влијание давајќи значаен придонес во општеството, што претставува дополнително уште една суштинска причина да се избере УАКС.

Една од причините која е нужно да се спомене е и интернационализацијата како една од најважните стратешки определби на УАКС. Ваквата определба ги проширува интелектуалните и културни хоризонти на студирањето и го унапредува квалитетот на наставниот процес. Покрај странските “визитинг” професори кои редовно одржуваат настава на универизтетот, особено на мастер и МБА студиумот, во последните години странските студенти покажуваат значително поголем и континуиран интерес за студирање на УАКС, особено преку програмата Ерасмус. Паралелно, нашите домашни професори веќе се етаблирани како предавачи на неколку странски универзитети и воедно соработуваат на истражувачки проекти со познати меѓународни универзитети и центри за истражување.

Благодарение на меѓународните акредитации, мобилноста на странски студенти тука и престојот на наши студенти на странски универзитети преку мрежите за мобилност, понатаму континуираната инволвираност на визитинг професорите во наставата, студентските организации Delta mu Delta Honor Society in Business и од неодамна студентскиот огранок на Институтот за менаџерско сметководство (IMA Europe Student Chapter), УАКС се етаблира како меѓународен универзитет и има основа за глобална перспектива и проширување на својот опсег на делување. Ова се одразува и врз унапредување на наставниот процес преку активно следење на актуелните трендови во образованието во меѓународни рамки.

Што нуди Вашиот Факултет? Какви програми, акредитации, предности и особености има ФДЕИОН? 

Двете меѓународни акредитации, односно американската ACBSP, делегирана од Акредитацискиот совет за бизнис школи, и ACCA од Одборот за акредитација за меѓународната стручна школа (the Association of Chartered Certified Accountants), како и студиската програма со двојна диплома во соработка со високо рангираниот Универзитет Тор Вергата од Рим, се основните причини коиштоУАКС Факултетот за деловна економија го позиционираат како национален лидер од областа на бизнисот и економијата и меѓународно призната образовна и истражувачка институција.

Во една изрека на Едвард Деминг, познат економист, професор и менаџмент консултант, се вели ”In God we trust, all others bring data”. Аналогно, токму претходните факти се индикатори кои потврдуваат дека наставниот процес на факултетот се изведува според меѓународни стандарди и во таа смисла говори и за самиот квалитет во чија генеза лежи тенденцијата за извонредност.

Јадрото го сочинува извонреден наставен кадар, комбинација од рeномирани домашни и странски професори со значајно научно-истражувачко искуство и соработници кои се истакнати експерти од индустријата. Залагањето и придонесот на целиот наставен кадар за постигнување поголема кохезивност, позитивна синергија и остварување на резултатите од учење се од огромно значење за унапредување на наставните содржини и стекнување применливи знаења и диференцирачки компетенции. Академската средина на факултетот се карактеризира со динамичност, креативност и ориентираност кон иновации.

Поинакви сме по многу нешта, но исклучителни сме за една специфика, а таа е во заложбите за градење на нераскинливи врски со нашите студенти.

Развојот на студентите е во нашиот фокус. Ги следиме како интелектуално се развиваат, ги мотивираме да го покажат својот потенцијал додека воспоставуваат отвореност, стекнуваат доверба и чувство на идентитет и заедништво со колегите, со професорите и во основа со целото семејство на УАКС.

Да се инспирираат младите умови да размислуваат креативно и да создаваме окружување кое создава простор за артикулација на идеи и размислувања е заедничка определба на сите професори и истата е имплементирана во наставните содржини на сите студиски програми.

Покрај акумулацијата на знаење, се трудиме особено кај студентите да ја поттикнеме амбициозноста, истрајноста, високиот морал и да креираме отворени умови, како суштинска придобивка во нивниот иден професионален развој. Овој пристап подразбира емпатија со студентите, односно е процес во кој студентите добиваат персонализиран пристап, еден на еден комуникација ориентирана кон обезбедување на поширока подршка во текот на целото студирање, како и активности и дополнителни содржини кои ќе ги подржат нивните потреби и интереси согласно индивидуалната и колективната разноликост. “Extra-curriculum” активностите се важна алка во процесот на додавање вредност преку нивното мотивирање за учество на разни студентски натпревари, организирање на посети на компании, работилници за кариерен развој, учество на гости предавачи и сл.

Преку различните центри меѓу кои се Туторинг клубот, Центрите за Кариера и Академско советување, се обезбедува дополнителна и важна поддршка во студирањето на различни начини и се создаваат можности за вмрежување, како и за интелектуално градење и професионален развој.
 
Што значи магистрирањето и докторирањето на УАКС? Што понатаму, со дипломата и знаењето? 

Постдипломските студиски програми
се дизајнирани со цел да одговорат на потребите за работа на професионалците. Организацијата на МБА и Мастер студиумот се темели врз пристапот во кој студентите учат конкретни вештини и применливи знаења. Програмите предвидуваат избор на неколку области од бизнис економијата (финансии и банкарство, менаџмент, маркетинг, човечки ресурси и сметководство и ревизија), настава која што поттикнува критичко размислување, работа со реални студии на случаи и воедно ги подготвуваат студентите за ефикасен менаџмент, проактивно размислување и креирање на додадена вредност во која било организација. Во наставата се вклучени професори и истакнати експерти од пракса со големо меѓународно искуство во предавања, обуки и истражување.

На МБА програмата можат да се пријават лица со професионално искуство (менаџери и претприемачи, извршни директори, амбициозни експерти и консултанти), додека Мастер студиумот е наменет за мотивирани дипломци без работно искуство и во таа смисла и за економисти и неекономисти, односно за секој кој сака да се стекне со аналитички и лидерски знаења и вештини со цел да идентификува и реши комплексни бизнис проблеми. Преку соработката со индустријата и со претставниците на компаниите од нашиот Деловен совет во изведувањето на наставата го доближуваме реалниот сектор поблиску до студентите, така што потенцијалните магистри работат на реални проблеми, кои бараат интердисциплинарност и тимска работа.

Докторските студии за економија и бизнис администрација се активни веќе четврта година по ред. На наше огромно задоволство во октомври 2020 беше промовирана првата генерација на Доктори на економска наука. Трите суштински предности на УАКС Докторската школа се добро структуираниот систем на целиот студиум низ три модули, истражувачкиот пристап за учење и флексибилноста.

Првиот модул е составен од методолошка и тематска подготовка, во вториот модул се подготвува предлогот за докторскиот труд, се реализира учество на меѓународна конференција и меѓународен истражувачки престој, со пропратна публикација во меѓународно списание и на крајот, последниот модул завршува со одбраната на докторскиот труд.

Ако се земе предвид фактот дека престижната датабаза на публикации од областа на економијата и бизнисот ИДЕАС/Репек, го рангираше УАКС Факултетот за деловна економија на првото место од вкупно 17 економски факултети и економски истражувачки институти во земјата, тогаш се потврдува дека квалитетот на докторските студии по економија и бизнис администрација е неприкосновен во полето на генерирање на добар придонес во научно-истражувачката работа.

Конечно, ако се поткрепиме на фактот дека условени од пандемијата, за краток период овозможивме онлајн и хибридна настава која се одржа во континуитет и со користење на најсовремени технологии, тогаш слободно може да кажеме УАКС Факултетот за деловна економија треба и може да се споредува со најдобрите меѓународни школи за економија и бизнис. Тоа значи дека и нашите и странските студенти можат да добијат квалитетно образование по конкурентна цена. Максимално ја користиме технологијата за поврзување, за онлајн или хибридна настава, за подобрување и развој на Факултетот, залагајќи се за извонредност во наставата, за стекнување на нови искуства, но и како натпревар за подобрување и поголема интернационализација.

Како што напоменав погоре, секој млад професионалец по магистрирањето и докторирањето има можност да се стекне со меѓународна потврда на знаењето која ќе го истакне на домашниот и меѓународниот пазар на труд.


Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •