-5 C
Skopje
петок, ноември 27, 2020

Лабораториска студија покажа дека течноста за испирање уста го убива корона вирусот за 30 секунди

Kabtel desktop

Според научното истражување спроведено во лабораторијата на Универзитетот Кардиф, кое беше направено пред почетокот на клиничките тестирања, течностите за испирање уста кои содржат најмалку 0,07% цетилпиридиниум-хлорид покажуваат одлични знаци во борбата против корона вирусот.

Со клиничките тестирања, кои допрва треба да се направат, имаат за цел да откријат дали може со течностите за испирање уста да се намали нивото на вирусот во плунката на заразени пациенти. Наведената студија треба да помине процес на научно рецензирање, но таа оди во прилог на резултатите од студија направена минатата недела, во која исто така беше откриено дека течностите за испирање уста со CPC се поефикасни во намалувањето на бројот на вируси.

Тестот кој го направија научниците од Универзитетот Кардиф во лабораториски услови ги имитира условите кои се наоѓаат во назофариниксот, односно носната и усната шуплина, а била користена течност за испирање уста од марката Dentyl.

Следни се испитувања во кои ќе се види колку течноста за испирање уста е ефикасна во намалувањето на вирусното оптеретување во плунката на КОВИД-19 пациенти во универзитетската болница Wales uво Кардиф. Резултатите ќе бидат објавени во текот на 2021 година.

Битно е да се напомене дека студијата нема да даде никакви директни докази за преносот на вирусот межу пациентите. За тоа ќе биде потребен друг тип на студја на многу повисоко ниво, појаснува професорот Дејвид Томас, кој ќе ги води клиничките тестирања.

Клиничката студија ќе покаже колку траат какви било ефекти после едно користење на течноста за испирање уста кај пациентите од КОВИД-19.

(Standard)

(фото: Pixabay)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •