Шпанија и Германија сакаат први во Европа да почнат со вакцинација

- Advertisement -

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес објави дека Шпанија, заедно со Германија, ќе биде првата земја во Европската Унија што ќе го заврши планот за вакцинирање на населението од коронавирус.

Планот треба да биде одобрен од владата во Мадрид на министерски состанок во вторник и презентиран пред јавноста. Првите пациенти би биле вакцинирани од јануари до март.

- Advertisement -

„Значителен дел од населението ќе биде вакциниран“, изјави Санчез за медиумите за време на презентацијата на планот за економско закрепнување, но не го прецизира бројот на вакцини што неговата влада има намера да ги купи.

Санчез рече дека ЕУ потпишала три договори со фармацевтските компании „АстраЗенека“, „Санофи“, „Јансен“ и „БиоНТех / Фајзер“ за испорака на 1 милијарда дози од вакцината и тој број може да се зголеми. Тој додаде дека исто така се очекува потпишување договор со CureVac и дека напредуваат преговорите со Модерна за испорака на дополнителни 400 милиони дози вакцина.

- Advertisement -

Шпанија би добила 10 проценти од договорените вакцини.

„Работиме да ги направиме достапни вакцините што е можно побрзо“, забележа Санчез. „Иако има надеж на хоризонтот, не смееме да се опуштиме, бидејќи пред нас се тешки месеци“, додаде тој.

- Advertisement -

Во текот на изминатите две недели, бројот на нови случаи малку опаднал во Шпанија, од 530 заразени на 100.000 жители во текот на првата недела од ноември на 436 заразени на 100.000 жители, регистрирани вчера.

“Иако сеуште е голема бројката, ние сме на добар пат да ја намалиме кривата на нови случаи. Нашата цел е 25 заразени на 100.000 жители”, рече премиерот.

Сподели!
- Advertisement -