7.8 C
Skopje
понеделник, октомври 3, 2022

Ова е првиот антибактериски смартфон во светот

Kabtel desktop

Првиот светски антибактериски телефон во светот кој ќе го спречи размножувањето на бактериите на него го создаде компанијата Bullitt. Телефонот се вика Cat S42 и е направен да биде издржлив и прилагодлив. Моментално може да се купи по цена од 306 долари, но моделите опремени со антомикробската технологија на Biomaster ќе бидат достапни на почетокот на 2021 година.

Од компанијата Bullitt се надеваат дека оваа технологија ќе ќе можат да ги опремат другите Cat телефони подоцна идната година. Антибактерискиот телефон може да го спречи размножувањето на бактериите на неговата површина благодарение на сребрените јони кои се ставени во материјалите од кои е направен.

Иако не може да ги неутрализира бактериите или вирусите, вклучувајќи го и КОВИД-19, може да го спречи ширењето и размножувањето на патогените. Со тоа нивниот број природно почнува да се намалува и се помалку опасни. Од Bullitt тврдат дека технологијата на Biomaster го намалува бројот на бактерии за 80% за само 15 минути и за 99,9% за период од 24 часа.

Телефонот исто така е целосно водоотпорен и редовно може да се мие со сапун и вода, со средства за дезинфекција, со марамчињ,а па дури и со варикина. „Ова е навистина неопходна функција на телефонот за сите кои работат во здравството, како и за тие кои посетуваат повеќе места за време на работата„ вели потпретседателот на Bullitt Group, Питер Канингам. 

Професорот Питер Хол од Универзитетот Вотерлу верува дека телефоните мора да се чистата двапати дневно, еднаш на ручек и еднаш навечер, за да се спречи ширење на корона вирусот. Најдобри за чистење се алкохолни марамчиња, но од Apple препорачуваат користење на крпа од микрофибер и сапуница.

(DailyMail)

(фото: CAT screenshot)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!