12.8 C
Skopje
сабота, ноември 27, 2021

После Apple, уште еден гигант нема да дава полначи со телефоните

Cementarnica USJE, mobile 19.11.2021

Кога Apple ја претстави новата серија iPhone 12 се дигна голема прашина околу тоа зошто во кутиите со телефоните нема полнач. Компанијата од Купертино ова го оправда со грижата за животната средина, но корисниците не беа баш убедени дека тоа е вистинска причина.

Од тој момент неколку производители на телефони, како што е Samsung, ја искористија приликата да ги „боцкаат“ конкурентите со реклами, тврдејќи дека со нивните уреди доаѓа се што треба. Меѓутоа, малку по малку почнаа да кружат приказни дека и јужнокорејскиот гигант може да тргне во иста насока, односно да не вклучува полначи и слушалки во кутијата со секој телефон.

Сега се е поизвесно дека Samsung Galaxy S21, Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra моделите доаѓаат со полначи и слушалки во пакувањето. Она што беше само гласина сега дефинитивно е потврдено со сертификацијата која за Бразил ја направи Anatel, а каде што е многу јасно наведено дека нема да има полначи со телефоните.

Изгледа дека Apple уште еднаш почна нов светски тренд во светот на мобилните телефони. Дали и Samsung ќе се обиде на своите корисници да им ја пласира приказната за намалувањето на електронскиот отпад или ќе има некоја друга причина со која ќе го оправда потегот останува да видиме.

Во секој случај, и едните и другите нема да се противат да заработат повеќе пари од продажбата на дополнителни полначи или слушалки за своите модели.

(B92.net)

(фото: Flickr)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!