Биткоин по прв пат досега ја надмина вредноста од 20.000 долари

- Advertisement -

Биткоин по прв пат од своето постоење вчера ја надмина вредноста од 20.000 долари, додека ентузијастите за криптовалути потенцираат поголема побарувачка од институционалниот сектор за оваа најпозната дигитална валута во светот, покажува рангирањето на Coindesk.

Највредната дигитална валута во светот се тргуваше по цена 7,54% повисока, односно околу 20.700 долари, велат од Coindesk и додаваат дека од почетокот на годината досегавредноста на валуатат е зголмена за 180%.

- Advertisement -

Растот на цемата на биткои се случи вчера, кога пазарната вредност на биткои достигна 20.637.18 долари.Пред само две недели биткоин достигна друг рекорд – вредноста од 19.850 долари од 2017 година.

„Веќе неколку месеци зборувавме дема биткоин ќе го надмине својот претходен рекорд до крајот на годинава и навистина се случи тоа. Валутата го достигна минимумот во март годинава од 3.600 долари.

- Advertisement -

Многу инвеститори и поддржувачи на криптовалутите ќе се израдуваат што не ги продале своите биткоини. За разлика од претходните скокови на цената, овој пат најголем двигател на цената нагоре е приливот на институционални инвеститори, кои полека ги прифаќаат биткоин и другите криптовалути.

Како и други економски сектори, биткоин имаше исклучителна година. Аналитичарите велат дека валутата добила поддршка од други инвеститори како Стеблу Друкенмилер и Пол Тудор Џоунс, додека технолошките компании како MicroStrategy и Square сакаат да купат биткоини.

- Advertisement -

Овие рекордни вредности на биткоин ги потсетија поддржувачите на криптовалутите на последниот скок на цената на биткоин во 2017 година, по што следуваше стрмоглав пад на цената до 3.000 долари. Сепак, аналитичарите велат дека годинава е поинаква од 2017 година затоа што причината за скокот на вредноста е купување на биткоини, а не шпекулации.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -