2 C
Skopje
петок, јануари 15, 2021

OnePlus направи телефон кој ја менува бојата

Kabtel desktop

OnePlus направи концепт телефон кој ја менува бојата. Иако нема гаранција дека оваа технологија ќе добие зелено светло за производство, концепт телефонот изгледа навистина интересно. Станува збор за уред обложен со материјалот ECMF (Electronic Color, Material and Finish), кој содржи метален оксид, а се активира под напон. Резултатот е менување на бојата на стаклото од темна сина во светло сребрена боја.

„Кога станува збор за боите, нашите дизајнери се инспирираа од минералните извори Памуккале во Турција. Природата усоврши бројни дизајни, а црпејќи инспирација од тие извори и други природни елементи можеме да создадеме нови искуства на интеракција кои се поприродни и поинтуитивни“ велат од OnePlus.

Смартфонот ја менува бојата кога има некој дојдовен повик, а со помош на mmWave технологијата може да до детектира дишењето на корисникот и со него да го синхронизира менувањето на бојата.

(Klix.ba)

(фото: Twitter screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •