Планирањето е мајка на успехот! Без навремено, рационално и ефикасно планирање тешко успеваме да ги исполниме дневните обврски, но и долгорочните цели.
Ви презентираме пет совети за успешно планирање од Теа Тевева, автор на македонскиот планер The Daydream.
- Направете листа на Вашите достигнувања во оваа 2020
Во природата на нас луѓето е да гледаме напред и да поставуваме цели кои сакаме да ги исполниме, но доколку го цениме она кое што сме го постигнале, полесно ќе го препознаеме и трудот кој моментално го вложуваме. Мали и големи цели, запишете ги сите победи на кои сте горди годинава!
- Кои се најголемите лекции кои ги научивте годинава?
2020 беше година со многу предизвици за секој од нас. За да се подготвите за 2021, во делот за годишна ревизија, запишете ги и сите научени лекции и поуки кои ги донесе оваа година и понесете ги со себе во новата. Немојте да пишувате лекции кои: will hold yourself back & keep yourself small. Извлечете го само она кое ќе Ви служи во иднина, сѐ останато може да остане во оваа!
- Направете си ја Вашата листа на неколку главни цели за 2021
How exciting!! Колку ни се појасни нашите цели и планови, полесно ќе направиме план како да стигнеме до нив! Што ново сакате да научите? Што останало само желба до сега? За секоја цел напишете барем два или три чекори кои ќе Ви помогнат кон истата.
МОЈОТ ГОДИШЕН МАСТЕР ПЛАН
На оваа страница напишете ги Вашите најважни цели за 2021 и неколку чекори кои ќе Ви помогнат да стигнете до нив. Дали знаете дека доколку ги ставите Вашите цели на лист хартија 1) шансите дека ТИЕ ќе се реализираат се пореални отколку ако останат само некаде низ Вашата глава и 2) веројатноста дека ВИЕ повеќе ќе работите кон нивно исполнување е поголема.
Месечен план – страница пред почеток на секој месец, со
цел подобра систематизација и прегледност, целите се поделени во 4 сегменти.
Просторот личен раст и книги е оставен на почеток на секој месец како поттик да
одвоиме момент, да размислиме и запишеме што ново сакаме да научиме, истражиме
и прочитаме.
- Креирајте си Ваша дневна рутина
Нова година, нов почеток, еуфорија и мотив за планирање! Но што кога ќе престане тој новогодишен полет? Тука сме ние секојдневно да работиме со Вас на значењето за дисциплина и работа на себе! Дневната рутина ќе Ви помогне да бидете поорганизирани и поисполнителни во Вашите дневни обврски. Знаеме дека секој ден не може да е ист, но верувајте некои основни правила многу ќе Ви помогнат доколку се придржувате до нив.
- Запишете ги сите важни датуми за новата година
За да не ни се случи да заборавиме нешто и никој! Родендени, годишнини, дипломски, прослави.. Полињата може да се искористат и како deadline за одредена цел која сакате да ја исполните до тој месец во годината што следи. Како велат, паметниот запишува…