4 C
Skopje
недела, јануари 24, 2021

Аналитичарите тврдат дека богатството на Илон Маск ќе се зголеми на трилион долари

Kabtel desktop

Илон Маск пред некој ден го престигна Џеф Безос и стана најбогатиот човек во светот, а еден аналитичар тврди дека тао е само првиот чекор кон тоа да го зголеми богатството на трилион долари.

Пред неколку години Илон Маск изгледаше како човек кој е на работ. Поради проблемите со производството на Tesla Model 3 често спиеше во канцеларија, во текот на едно интервју консумираше марихуана, а дел од аналитичарите предупредуваа дека неговата автомобилска компанија е блиску до банкрот. Оттогаш досега не помина долго време, но навистина сега можеме да кажеме дека светот е поинакво место денес, а во него Илон Маск е најбогатиот човек во светот.

Иако особено во времето во кое живееме тешко може да се прогнозира иднината, инвеститорот и милијардер Чамат Палихапити верува дека акциите на Teslа допрва ќе растат и ги советуваше инвеститорите да го поддржат Маск во Teslа. Во интервју за американски медиуми праша кој сака да се обложи против Маск. Тој нагласи дека токму Маск може да стане првиот трилионер во светот.

За богатството на Маск да ја достигне таа вредност ќе помине уште доста време затоа што моментално е далеку од трилион и има околу 186 милијарди долари.

(Business Insider)

(фото: Flickr)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •