14 C
Skopje
вторник, март 2, 2021

Се укинуваат царинските стапки за 70-тина суровини и репроматеријали

Kabtel desktop

На денешната седница на Влада, на предлог на Министерството за економија, донесена е одлука за УКИНУВАЊЕ на увозните давачки – царинските стапки за 71 одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија“, објави вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи.

Тој откри дека оваа одлука ќе стапи во сила од 1. февруари, и дека финансиските импликации ќе бидат околу 7,1 милиони евра.

„Одлуката ќе влезе во сила од 1ви февруари и ќе важи една година, во која паралелно ќе работиме на намалување и укинување на некои од царинските давачки и усогласување со европската регулатива. Ова е прва мерка од новиот Петти пакет економски мерки, кои ќе ја рестартираат, закрепнат и ревитализираат домашната економија. Укинувањето на увозните давачки – царинските стапки на одделни суровини и репроматеријали за преработувачката индустрија ќе влијаат на зголемувањето на производството, како и зголемување на конкурентноста и извозот на домашните производи.

Финансиските импликации од оваа мерка, според Министерството за финансии се околу 7,1 милиони евра.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •