14 C
Skopje
вторник, март 2, 2021

Израелски стартап направи батерии за автомобил кои се полнат за само 5 минути

Kabtel desktop

Секој разговор за електричните автомобили има една иста тема – батериите, времето на полнење и досегот. Времето на полнење на батериите на електричните автомобили се уште е далеку од идеалното, а токму тој проблем се обидува да го реши израелскиот стартап StoreDot.

Овој стартап развива батерии за електрични возила од сите видови, вклучувајќи и електрични скутери и автомобили, а станува збор за батерии кои се полнат за само 5 минути.

Батериските ќелии се производ на кинеската компанија EVE Energy и се разликуваат од традиционалните по тоа што анодата содржи металоидни наночестички наместо графит. Од StoreDot тврдат дека тоа е клучниот чекор кон надминување на проблемот со сигурноста и рокот на траење на батериите. Во иднина израелскиот стартап сака да користи силикон наместо германиум за наночестичките, а поради тоа би требало да бидат и поевтини.

Електричните автомобили со батерии кои се полнат за 5 минути може да го решат проблемот со редиците на станиците за полнење или барем да го намалат стресот за досегот на автомобилот.

Меѓутоа, ќе треба да почекаме да ги видиме на пазарот затоа што за нив се потребни моќни полначи. Од StоrеDot веруваат дека до 2025 година со постојната инфраструктура за батерии ќе се овозможи досег од 160 км после само 5 минути полнење.

Во StoreDot инвестираат Daimler, BP, TDK и Samsung.

(Klix.ba)

(фото: Storedot screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •