7 C
Skopje
недела, февруари 28, 2021

Научниците предупредуваат дека можеби и домашните миленици ќе треба да се вакцинираат

Kabtel desktop

Откако почна пандемијата на корона вирусот се води расправа за тоа дали и домашните миленици се ризична група која може да се зарљази со корона вирусот и да го пренесе на луѓето. Досега научнциите утврдија присуство на КОВИД-19 кај некои животни по зоолошките градини (тигри и шимпанза), но се кршеа копја околу тоа дали и кучињата и мачките се потенцијален проблем.

Група научници од неколку универзитети сега предупредува дека и кучињата и мачките, како и луѓето, во иднина можеби ќе треба да се вакцинираат против КОВИД-19. Тие истакнуваат дека преносот на вирусот од животните на луѓето не значителен долгорочен ризик затоа што може да доведе до мутација на вирусот и да ги направи актуелните вакцини против корона вирусот неефикасни.

Научниците од Универзитетот на Источна Англија, Институтот Ерлхам во Норвич и Универзитетот Минестоа предупредуваат дека вакцинирањето на домашните миленици можеби ќе биде пресудно за органичување на пандемијата. Изгледа логично да се развие вакцина за домашните миленици. Навистина мора да бидеме спремни за таа можност, истакна еден од авторите на написот во научното списание Virulence, Кок ван Остерхаут, и додаде дека Русите веќе работат на таква вакцина.

Досега во неколку наврати беше откриено присуство ан вирусот кај домашни мачки, но немаа никакви симптоми на болеста КОВИД-19, порљади што се совршени за ширење на заразата. Ако вирусот продолжи да се развива во животните, а потоа повторно премине на луѓето, тоа може да претставува долгорочен ризик за јавното здравство. Затоа групата научнци предупредуваат дека во тој случај вирусот може да мутира и да се претвори во нов, сроден вирус.

САРС-КоВ-2 може да зарази многу врсти, вклучувајќи ги и мачките, кучињата, куните и останатите диви и домашни животни. Затоа вакцинирањето на домашните миленици може да стане клучно за стопирање на развојот на вирусот и повторната пандемијата, напоменуваат авторите на написот.

(Daily Mail)

(фото: Pixy.org)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •