1 C
Skopje
четврток, февруари 25, 2021

Бил Гејтс инвестира 2 милијарди долари против климатските промени

Kabtel desktop

Основачот на технолошкиот гигант Microsoft, Бил Гејтс, сака во текот на наредните пет години да инвестира 2 миилијарди долари во проекти и основање компанија која ќе помогне да се избегнат климнатските промени.

Потребни се иновации за да се избегне климатсдка катастрофа. Тоа не би било невозможно, но би било многу тешко, вели Гејтс во изјава објавена денес во германскиот дневен весник Handelsblatt.

Тој, исто така, повика во текот на наредната деценија владите петкратно да ги зголемат инвестициите во истражување на чиста енергија и во други климатски иновации ширум светот.

Американскиот претприемач и филантроп проценува дека за истражување годишно би биле потреб ни најмалку 110 милијарди долари. Во својата нова книга „Како да се избегне климатска катастрофа“ Гејтс повикува емисијата на CO2 целосно да се елиминира до 2050 година за да се избегне огромна еколошка и економска штета.

Гејтс истакна дека за да се постигне тоа мора да се смени индустријата со досега невидено темпо. Покрај тоа, Гејтс верува дека се неопходни даноци на CO2 и тргување со емисијата на стакленички гасови, а алтернативните извори како сонцето и ветрот се незаменливи.

(Al Jazeera Balkans)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •