14 C
Skopje
недела, април 11, 2021

Кина после короната има повеќе милијардери отколку кога било

Kabtel desktop

Во Кина, земјата која прва беше погодена од корона вирусот, бројот на милијардери во долари минатата година се зголеми и покрај мерките за затворање кои ја погодија економската активност на земјата, покажа најновата објавена листа на компанијата Hurun со најбогатите луѓе во Кина.

Во Кина за прв пат кон крајот на 2019 година се појави новиот корона вирус, кој го парализираше општеството, но исто така е и првата земја која се опорави од пандемијата и повторно почна со економски раст.

Кина заедно со Хонгконг има 253 милијардери повеќе отколку претходната година и убедливо води на светскиот список со најбогати луѓе во светот со 992 ултрабогати Кинези.

Најбогатиот човек во Кина е дискретниот шеф на групацијата за флаширана вода Жонг Шаншан, кој не беше на списокот со 100 најбогати луѓе во светот минатата година. Неговото богатство се проценува на 85 милијарди долари после влезот на неговата компанија Nongfu Spring на берза минатата година.

Сопствениците на компанијата за интернет и видеоигри Tencent и на компанијата ByteDance се втори, односно трети по богатството во Кина. Џек Ма, кој долго време беше најбогат Кинез, падна на четврто место со богатство од 55 милијарди долари.

САД по бројот на милијардери е на второ место со 696 богаташи. Но, најбогатите луѓе во светот и понатаму се Американци и Французин – Илон Маск со 197 милијарди долари, шефот на Amazon, Џеф Безос Французинот Бернар Арно од групацијата LVMH.

Индија е трета земја во светот по бројот на милијардери – вкупно 177.

(Beta)

(фото: Freepik)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •