Тим предводен од научници од кинескиот Универзитет Шандонг анализираше маса од плазма со дијаметар од 1.000 км на висина од околу 100км над Северниот пол. Тие открија дека таа плазма има форма на циклон со центар во кој струењето е речиси еднакво на 0. Но, наместо дожд, таа маса од плазма испуштала електрони.
Вселенскиот ураган се движел во насока обратна од стрелките на часовникот и траел околу 8 часа пред да се распадне. Научниците предупредуваат дека таквите бури високо во Земјината атмосфера би можеле да ги пореметат GPS системите, но и да понудат подобро разбирање на вселенските временски влијанија.
Професорот Мајк Локвуд од Универзитетот Ридинг во Велика Британија вели дека тие вселенски урагани може да бидат универзален феномен на планетите и на месечините кои имаат магнетни полиња и плазма.
Се досега не беше сигурно дали постојат вселенски урагани на плазма, па доказот дека постојат е неверојатен, вели Локвуд. Тие вселенски урагани настануваат во текот на необично визок и брз пренос на енергија од соларен ветар и набиени честички во повисокиот слој од Земјината атмосфера, објаснува Локвуд.
Претходните набљудувања откриле слични вселенски урагани на Марс, Сатурн и на Јупитер. Ова најново откритие всушност е првото набљудување на вселенски ураган во горниот дел од Земјината атмосфера. Ураганот е поврзан со силен пренос на енергија и маса, па затоа ураганот во горниот слој од Земјината атмосфера може да биде моќен и ефикасно да ја пренесе енергијата и замавот на соларниот ветар, односно магнетосферата во Земјината јоносфера, се вели во студијата објавена вп научното списание Nature.
(Daily Mail)