Израел и Нов Зеланд издадоа привремено одобрение за продажба на спрејот за нос со азот диоксид на биотехнолошката компанија SaNOtize Research and Development, кој би можел да придонесе за спречување на ширењето на вирусот.
Производството на спрејот Enovid почна во Израел со партнерската компанија Nextar Chempharma Solutions Ltd и се очекува дека производот би можел да се најде по рафтовите на лето.
На Нов Зеланд компанијата SaNOtize го регистрираше спрејот за нос со одобрение од новозеландската регулаторна агенција, Управата за безбедност на лекови и медицински производи, што на компанијата и овозможува производот веднаш да го дистрибуира и да го продава без рецепти, објавија од SaNOtize, чие седиште е во Ванкувер.
Спрејот наводно корисниците ги заштитува од вирусот кој во организмот навлегува преку горните дишни патишта. Но, Министерството за здравство на Нов Зеланд извести дека уште нема одобрено производ за употреба како антивирусен спреј за нос.
Минатата недела SaNOtize и британската болница Ashford и болницата St. Peter од Сари ги објавија резултатите кои покжуваат дека спрејот е ефикасен антивирален лек кој може не само да го спречи преносот на корона вирусот, односно да ги скрати маките на заразените пациенти.
Крис Млен, главен научник во SaNOtize, изјави дека нивната формула со азотен оксид за употреба кај луѓе е осмислена за да ги уништи вирусите во горните дишни патишта, да спречи нивно инкубирање и проширување на градниот кош.
(Dnevnik.hr)
(фото: Flickr)