-3.2 C
Skopje
недела, јануари 23, 2022

Google Maps стануваат „зелени“ – ќе ги насочуваат луѓето на најеколошките рути

Kabtel desktop

Од јуни годинава апликацијата Googlе Maps почнува да ги предупредува возачите кога патуваат низ зони со ниска емисија на гасови во Германија, Франција, Холандија, Шпанија и во Велика Британија, каде што е забрането возењето на некои возила.

Апликацијата на Google ќе почне да ги насочува возачите долж рути за кои се проценува дека создаваат најниска емисија на јаглерод диоксид вез основа на сообраќајот, теренот и други фактори, објави компанијата неделава. Од Google соопштија дека оваа функција ќе почне годинава во САД и во други земји како дел од обврската со своите услуги да помогне во борбата против климатските промени.

За отприлика половина од рутите пронајдовме еколошки поприфатлива опција со минимално или никакво доцнење во однос на најкратката рута, велат од Google. Додаваат и дека прават релативни проценки на емисијата со испитување на различни типови возила и типови на патишта, базирајќи се на увидите на американската Национална лабораторија за обновлива енергија. Податоците за патиштата, пак, доаѓаат од автомобилите со Street View, како и од воздухот и сателитските сигнали.

Во наредните месеци корисниците на Maps во избраните земји ќе можат да прават споредба на превозот со автомобил, велосипед, јавни транспортни средства и други можности за патување од едно месо на друго, наместо само да избираат помеѓу различни рути.

(Akta.ba)

(фото: Freepik)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!