13.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Погледнете го небесниот спектакл на Hyundai со кој го собори Гинисовиот рекорд

Kabtel desktop

Hyundai на крајот на минатиот месец на кинескиот пазар го лансираше својот бренд за луксузни возила Genesis и по тој повод јужнокорејската компанија направи спектакл на небото и постави нов Гинисов рекорд. Иако Genesis не е познат кај нас, во Азија е бренд кој им конкурира на гигантите како Mercedes, BMW, Audi, Lexus и сл. На кинескиот пазар беа најавени два модели – G80 и GV 80 SUV, кои наскоро треба да се појават во продажба, а најавено е и отворање на луксузен продажен салон во Шангај.

Токму во Шангај, односно над градот беше направен евент со кој се најави доаѓањето на брендот на кинескиот пазар, а во кој главната улога ја имаа дронови. Како што можете да видите од видеото, на небото дроновите го формираат името и логото на брендот, па дури и 3Д прикази на двата модели на автомобили. Видеото зборува повеќе отколку илјада зборови.

Во небесниот спектакл биле искористени 3.300 дронови, со што Hyundai го собори Гинисовиот рекорд по бројот на симултано користени беспилотни летала. Досега рекордот го држеше компанијата Damoda Intelligent Control Technology, која во текот на демонстрација во септември минатата година искористи малку повеќе од 3.000 дронови.

(The Verge)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!