10.8 C
Skopje
недела, ноември 28, 2021

Медицински сестри го рециклираат болничкиот отпад во вреќи за спиење за бездомници

Kabtel desktop

Речиси 6 милиони тони болнички отпад се создава само во американските болници секоја година. Околу 15 кг отпад се создава од секоја болница на дневно ниво, а најголем дел од тој отпад е стерилен и искористен најчесто само еднаш пред да се фрли. Пример за таков отпад се стерилните прекривки кои се користат за заштита на хируршките инструменти во болниците.

Група креативни медицински сестри почна со рециклирање на таквите прекривки во вреќи за спиење за бездомниците. Тие прекривки вообичаено се фрлаат после еднократна употреба, а материјалот од кој се направени е одличен за вреќи за спиење затоа што ја чува топлината и е водоотпорен.

Медицинските сестри дискутирале меѓусебе која би била најдобрата примена за тие прекривки затоа што доаѓаат со различни големини. Некои од поголемите се долги околу 2 метри.Тие велат дека резултатите биле и подобри од очекуваните и дека ова е само еден пример каде што она што е ѓубре за некого за друг е скапоценост.

Сестрите работат во општата болница во Тампа, САД и досега имаат направенo над 100 вреќи за спиење и нема да застанат на таа бројка.

(Waste-Ed)

(фото: Hippopx)

Сподели!

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!