Во Египет откриен изгубениот Златен град

- Advertisement -

Археолошка мисија предводена од познатиот египетски археолог Захи Хавас направи големо откритие во Луксор и го пронајде Златниот град стар 3.000 години. Со тоа египетски Луксор уште еднаш стана центар на археолошки откритија откако египетското Министерство за туризам минатата недела го објави новото откритие.

После седум месеци ископување со археолошката мисија која ја предводел д-р Захи Хавас, поранешен египетски министер за налседство, археолозите откриле неколку подрачја или квартови за кои веруваат дека се дел од 3.000 години стартиот изгубен Златен град.

- Advertisement -

На местото на археолошките ископувања е пронајден накит во форма на прстени и бројни садови, ѓердани и цигли оф кал со печат на фараонот Аменофис III, што докажува дека новооткриениот град потекнува од периодот на 18. крал на египетската династија, кој владеел со Египет од 1391 до 1353 година пред нашата ера.

Аменофис III со градот владеел заедно со синот Екхатон, кој го напуштил древниот град откако од таткото ја презел староегипетската престолнина. Египетското Министерство за туризам соопшти дека делот каде што се ископува бил најголема административна и индустриска населба во периодот на староегипетското царство на западниот брег на Нил.

- Advertisement -

Според нивната објава, јужниот дел од градот имал пекарница, печки и керамички садови за храна, додека северниот дел од градот бил составен од административен и станбен кварт, со куќи чии ѕидови биле високи и по 3 метри.

Она што археолозите го ископале досега е доста сочувано, со речиси цели ѕидови и простории исполнети со алатки од секојдневниот живот, се вели во соопштението на Министерството. Како што велат експертите, ова откритие е второто најбитно археолошко наоѓалиште во Стариот Египер после откривањето на Тутанкамоновата гробница.

- Advertisement -

(Sputnik)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -