Данска е првата земја во светот кој трајно го стопира вакцинирањето со вакцината на AstraZeneca поради опасни нуспојави

- Advertisement -

Данска целосно ќе престане со примена на вакцината на AstraZenecа против КОВИД-19 поради можните последици и врската меѓу вакцината и згрутчувањето на крвта, беше објавено на прес-конференција.

Данска е првата земја во светот која целосно го стопира вакцинирањето со вакцината на AstraZenecа. Како што појаснуваат данските власти, проценката на данската Агенција за храна и лекови е дека со оглед на моменталната ситуација со пандемијата во Данска, најдобро е да се престане со користење на вакцината.

- Advertisement -

Поради исфрлањето на AstraZenecа од програмата за вакцинирање, се проценува дека вакцинирањето на населението ќе доцни три недели. Според проценката на Агенцијата за храна и лекови, сите Данци постари од 50 години последната доза од вакцините треба да ја добијат во последната недела од јуни.

Во Данска околу 149.000 луѓе ја примија првата доза од вакцината на AstraZenecа, но за втората доза ќе добијат некоја друга вакцина. Одлуката донесена во Данска не значи дека тамошната Агенција за храна и лекови не се сложува со Европската агенција за лекови и оттаму наведуваат дека се сложуваат со ЕМА дека AstraZeneca има повеќе предности отколку недостатоци.

- Advertisement -

За потсетување, Европската агенција за лекови минатата недела објави дека е утврдена можна врска меѓу вакцината на AstraZeneca и создавањето грутки во крвта во ретки случаи, но дека ризикот од умирање од КОВИД-19 е многу поголем отколку ризикот од појава на згрутчување на крвта.

Данска ја стави на чекање и вакцината на Johnson&Johnson поради истата причина.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -