Британски научници вчера почнаа со тестирања во рамките на кои поранешни пациенти со КОВИД-19 намерно повторно ќе бидат изложени на корона вирусот за на тој начин да ја испитаат нивната имунолошка реакција и да видат дали повторно ќе се заразат.
Во февруари годинава Британија стана првата држава во светот која даде зелено светло за спроведување на т.н. Human Challenge во кој доброволци ќе се изложуваат на корона вирусот и ќе се тестира нивниот имунитет. Human Challenge е контролирано испитување на инфекцијата на луѓе и е еден вид на клиничко испитување за вакцина или друг лек.
Студијата јкоја стартуваше вчера се разликува од студиите во февруари затоа што целта и е да се утврди дали луѓето кои го преболеле корона вирусот можат повторно да се заразат со него за да се продлабочат знаењата кои сега ги имаме за имунитетот. Научниците сметаат дека е поефикасно да се изложат поранешни пациенти на корона вирусот отколку намерно да се инфицираат луѓе кои не го прележале КОВИД-19.
Податоците кои ќе ги добијат со истражувањето ќе овозможат развој на квалитетна вакцина и поефикасни начини за лекување на болеста. Истовремено, ќе ни помогнат да дознаеме дали луѓето се заштитени после оздравувањето од КОВИД-19 и ако се, колку долго трае имуниттетот, објасни имунологот Хелен Мекшејн, водител на истражувањето на Универзитетот Оксфорд. Додава и дека истражувањето ќе им помогне на научниците да сфатат каква имунолошка реакција штити од повторно заразување со вирусот.
Во првата фаза на доброволците ќе им се дава најмала доза вакцина против корона вирусот, што е неопходно за тој да се реплицира. Научниците очекуваат дека тоа ќе резултира со благи симптоми или нема да има никакви симптоми. Во втората фаза, која ќе почне летово, со стандардна доза вакцина ќе се инфицираат останатите доброволци.
Во истражувањето учествуваат 64 здрави доброволци на возраст од 18 до 10 години, кои биле заразени со корона вирусот пред најмалку три месеци.
(Zimo)
(фото: Flickr)