19 C
Skopje
петок, мај 7, 2021

Овие лепенки го чуваат овошјето свежо повеќе од две недели

Kabtel desktop

Посебни лепенки го продолжуваат животниот век на овошјето за повеќе од две недели. Тие формираат заштитен слој околу овошјето кој го забавува процесот на скапување и распаѓање. Лепенките се обложени со антимикробна супстанција на растителна база, слична на хемикалиите кои природно се наоѓаат во самото овошје и го штитат од габични инфекции.

Лепенките се викаат StixFresh, нетоксични се и најдобро делуваат на јаболка, авокадо, цитрусни овошја и на манго. Компанијата која ги прави, Ryp Labs, сака да направи исти лепенки за бобинки и за зеленчук со цел да им помогне да заштедат пари и да го реши проблемот со отпадот од храна.

Во САД се фрлаат половина од овошјето и зеленчукот. Голем дел се остава по полињата или се користи како храна за животните затоа што не исполнува одредени естетски стандарди.

Глобално, луѓето фрлаат една третина од храната, а тоа е еднакво на загуба од 1 трилион долари. Данска е една од земјите кои преземаат најголеми напори за справување со отпадот од храна. Во Данска кујните за бездомници служат храна направена од продукти со поминат рок. Германскиот супермаркет SirPlus продава „грдо“ овошје и зеленчук со попуст од 80%.

StixFresh се дел од иницијативата која сака да им помогне на иноваторите кои се дел од циркуларната економија да ги скалираат своите иновации.

(World Economic Forum)

(фото: StixFresh screenshot)

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •